Добредојде на ова место каде твојот раст и лична трансформација се поддржани, додека градиш автентичен однос со себе и другите


Растот не мора да биде тежок, бидејќи кога сме видени, разбрани и поддржани,
трансформацијата станува природен тек на животот.

Она што за гасеницата е крај на светот, човекот го нарекува пеперутка.

Процесот на станување пеперутка е долг. За да излезе пеперутка од ларвата треба време и трпение.
Ако пробате да ја скинете пред време, наместо од неа да излезе прекрасна пеперутка, таа ќе умре. Процесот на трансформација и созревање бара време, трпение и поддршка.
Понекогаш, за да се создаде нешто ново, потребно е да се расчисти старото и да се остави доволно простор за развој.


Подкастот е простор каде психологијата се спојува со секојдневниот живот, каде твојот потенцијал може да се развие природно и поддржано.

Епизоди кои ти даваат одговори, техники и увиди, и те поддржуваат да живееш со повеќе радост, смиреност и автентичност.

Слушни го мојот Подкаст

Добредојде на мојот подкаст каде зборувам за личен раст и развој, едукација и лична трансформација. Тука на едноставен начин сакам да те инспирирам и мотивирам да живееш посреќен и поквалитетен живот, каков што заслужуваш.
На ова место можеш да пронајдеш личен осврт на теми поврзани со психологија, психотерапија, ментално здравје и личен раст и развој.
Овој поткаст НЕ Е и не заменува психолошко советување, психотерапија или било каква стручна поддршка.

Можеш да ги чуеш епизодите на

Подкастот е бесплатна содржина што нема цена. Епизодата за граници ми дојде како мелем на рана. Фала ти!

Д., 24, Охрид

Подкастот е life-changing. Епизодата за жртва толку многу ме освести и сега многу внимавам кога критикувам или самокритикувам.

Тамара, 40, Прилеп

Подкастот е мојот „терапевт во џеб“. Епизодата за перфекционизам ме урна ама на добар начин. Сега не барам совршенство како претходно и сум посреќна. Едвај ја чекам следната епизода.

С., 29, Скопје

Започни го своето патување на раст и лична трансформација.
Погледни ги услугите и најди начин што ќе ги негува твоето темпо и потреби.

Епизодата за партнерски односи ми го смени бракот. Елена, ние бевме на раб на развод, а сега сме поблиски од било кога.

– Ивана, 36, Скопје

Можеме да живееме во свет во кој сите други се виновни за нашата несреќа или да одбереме да гледаме во себе и да станеме главен „виновник“ за нашата среќа, каде нема веќе само да се поправаш, туку ќе почнеш да живееш.