Неодамна снимив една подкаст епизода каде споделувам што е она кое може да го правите доколку не сте во можност да си дозволите психотерапија. Секако, тоа не важи за посериозни состојби кои се вознемирувачки и бараат единствено стручна помош, туку за оние кои повеќе сакаат да посетуваат психотерапија во функција на личен раст и развој. Психотерапијата е долготраен процес кој бара доста време и финансии, па доколку во одреден момент навистина сакате, а не можете да дозволите, во оваа епизода споделувам од каде можете да почнате и како можете да најдете алтернативни начини на справување со одредени појави.
Постои стигма во општеството дека психотерапијата е само за „луди“, но реалноста е дека психотерапијата е во функција и на зголемување на самодоверба, поставување здрави граници, справување со анксиозност, депресија и сл. состојби, справување со процесот на обжалување, справување со проблеми во комуникација со другите, справување со проблеми во бракот, родителството, како и во работење на подобрување на себеси и својот развој.
Важно е да научиме да се грижиме за своето ментално здравје и без посета на стручни лица, кога тоа е возможно. Всушност, и на самата психотерапија со тек на времето се учиме како да се справуваме самите во иднина. Само мораме да бидеме внимателни да не отвориме некој болен процес со кој не би можеле да се носиме самите, а во тој случај стручно лице е задолжително.
Целата епизода може да ја слушате тука.
Епизодата е достапна и на Anchor, Google podcast и на YouTube каналот.