Начини да се сакаш себеси и твојот јазик на љубов кон себе

Неколку важни начини да практикуваш љубов кон себе. Оваа објава е поврзана со сите претходни каде зборувам за здравата љубов кон себеси, грижата за себе и кои се најчестите блокади поради кои не си дозволуваме да се сакаме себеси.

Секако, заљубувањето во себе и начините да се практикува љубовта во овој контекст не се гледа како нарцисоидно пореметување и не се однесува на тој есктрем. Кога сме заљубени во некого, имаме тенденција да го сакаме и прифаќаме таков каков што е, несовршен и со многу маани. Така е и со заљубувањето во себеси, да се сакаш и прифатиш себеси таков каков што си, со сите маани и предности. Тоа не значи дека нема да тежнееш кон подобрување на квалитетите и промена во некои нешта, но додека го правиш тоа, го правиш со многу љубов и разбирање.

Целата содржина може да ја слушате во новата епизода на мојот подкаст.

Во оваа епизода споделувам неколку моќни начини да се практикува здрава љубов кон себеси, како и неколку аспекти од живеењето кои се многу важни за поубав и поквалитетен живот. Предлагам да ја слушате како низа на претходните епиозоди, бидејќи е тесно поврзана со претходните теми. На крајот од епизодата споделувам повеќе за јазиците на љубовта и како да ги поврзете со практикувањето на љубов кон себе, а ветив и линк од страната каде може да го направите тестот за вашиот љубовен јазик.

Можете да го правите со својот партнер и да откриете повеќе за себе и него:

https://www.5lovelanguages.com/quizzes/love-language

Се надевам дека ќе уживате!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *