Дали сме виновни или одговорни?

Кога човек е подготвен да научи нешто, учителот сам ќе се појави. Но, она што е многу важно е ученикот да преземе одговорност да го слушне учителот, да го види и да го уважи. Скоро и да не постои психолог, психотерапевт, животен тренер и лица кои работат со менталното здравје кои не зборуваат редовно за личната одговорност. Можеби и таа заситеност создава по малку отпор, па одговорноста почнува да се поистоветува со вина.

Многу често одговорноста ја поистоветуваме со вина, а јас би сакала да ја споделам разликата и зошто е важно да гледаме различно на овие две. Секако, тука пишувам само за една димензија на одговорноста, а психичките појави имаат богата призма низ која може да се гледат. Сите ние сме се почувствувале виновно во одреден момент од животот.

Главната разлика меѓу преземањето на одговорност и прифаќањето на вина е во тоа како се чувствуваме. Кога обвинуваме ние го губиме целиот капацитет да се менуваме и да преземаме акција.

Вината ја одзема енергијата, носи чувство на истрошеност, мизерност и немоќ. Кога се прифаќа вината, се прифаќа слика за себе која е негативна и немоќна за било што. Каде постои вина, таму нема акција затоа што се одзема енергијата и можноста за дејствување.

Што е одговорност? – Да се одговори. Можност да се даде одговор.

На англиски е responsibility – the ability to respond. Можноста да се даде одговор, да се реагира.

Вината не парализира, додека одговорноста не поттикнува на акција.

Секако, тоа не значи да се презема туѓа одговорност, но тоа е друга тема. Можеме да преземаме здрава одговорност, наместо да преземаме вина, а најмалку па и туѓа вина. Тука клучна улога играат здравите граници, како не би гледаме црно/бело на ситуацијата, туку да се фокусираме и на другите бои околу. Одговорност е преземање на акција кон одредена цел, било да е лоша или добра, притоа прифаќајќи ги последиците која истата ќе ги донесе.

Повеќе за одговорноста и вината може да слушнете во епизодата на мојот подкаст. Споделувам пример со родителите и што е она што може да се направи.

Поздрав!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *