Добредојдовте на мојот блог. Моника Зец е жена, мајка, графички дизајнер и сопственик на мал бизнис. Моника е една од најпопуларните мама инфлуенсери во нашата држава, па со неа зборуваме многу за совршените мајки, идеализацијата, успехот, организацијата, осудувањето меѓу мајките и мајчината интуиција.
Според најновите истражувања, се докажало дека ДНКта на децата се пренесува и кај нивните мајки, па конечно може да се објасни мајчината интуиција за која многу мајки тврдат дека постои, а многу заборавиле да бидат во допир со неа.
Моника споделува на кој начин се поддржува себеси за да остане дисциплинирана и мотивирана, како и за таа идеализација која другите ја имаат, а притоа забораваат дека сите сме луѓе од крв и месо.
Секоја мајка и жена има свои предизвици, но додека една се јадосува и мисли дека е помалку вредна, друга сфатила дека ги држи конците од својот живот и може да создава нешто и да инспирира. Иста таа се соочува со потполно истите предизвици како и другите, но на нив гледа како природен тек на животот, а не како свој личен неуспех. Сите деца имаат тантруми, сите мајки имаат недостатоци, сите имаме по некоја ситуација во животот која не изместува потполно. Време е помалку да се осудуваме и да гледаме со љубов, поддршка и разбирање едни за други. Тоа не значи дека ќе ги прифаќаме сите нешта за нас самите, туку дека ќе се отвориме за емпатија и разбирање дека таа пред нас носи планина позади себе која ја донела таму каде што е. Само низ разбирање може и да се случи промена кај секого.
Родителот не смее и не може да остане истата личност која бил откако ќе се роди детето. Детето носи многу големо влијание и тој мора да се пронајде себеси повторно и да се изгради одново, како би можел да одговори на барањата на своето дете.
Затоа, заборавете на она дека постои совршен услов да се биде родител. Родителот расте со детето и се менува, така што ја почитува и следи неговата единствена уникатност. Не постои совршен родител, постои само свесен родител дека грешел, греши и ќе греши. Родител кој е тука да го поддржи своето дете и да ги признае грешките кога тоа се бара од него. Родител кој е свесен дека промената е важна за развој.
Не плашете се од грешки, колку повеќе предизвици во животот, толку повеќе мозокот се развива и ни помага да бидеше порезилиенти и интелигентни. Но, само доколку родителот е свесен за ова и е тука со многу љубов да биде покрај своето дете. Исто така, она што е важно е начинот на кој се справуваме со стресните настани, па затоа, наместо да ги избегнуваме и да живееме во некоја наша мала комфорт зона, важно е да научиме да се справуваме со стресот и да ги научиме и нашите деца како да го прават тоа.
Што е тоа кое носи до поголем успех, дали е среќата или многу труд кој другите не го гледаат, можете да слушнете во новата епизода на мојот подкаст.