
ПРОГРАМ АСЕРТИВНА
САКАШ ДА ЗАПОЧНЕШ НОВА ПРИКАЗНА?
ПРОГРАМОТ АСЕРТИВНА ПОЧНУВА: Јануари 2024
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 12 НЕДЕЛИ

САКАШ ДА РАБОТИШ НА СЕБЕ, А НЕ ЗНАЕШ ОД КАДЕ ДА ПОЧНЕШ?

НЕМАШ ПРЕМНОГУ ВРЕМЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ, А САКАШ ДА НАПРАВИШ ПРОМЕНА?

САКАШ ДА СТАНЕШ АСЕРТИВНА ЖЕНА И ДА ГИ ОСТВАРИШ ТВОИТЕ СОНИШТА?
Сакаш да научиш да поставуваш здрави граници и да станеш асертивна жена, како би стекнала и повисока самодоверба и квалитетна релација со себе и со другите?
Поставувањето на здрави граници ни помага да бидеме асертивни, а асертивноста ни отвара простор за комплетна трансформација на животот, здрава грижа за себе, повисока самодоверба, подобра организација, поголем успех на секое поле од животот.
Дали ти се познати следните ситуации?
- Се чувствуваш преморена многу често
- Имаш проблем со носење на одлуки
- Се чувствуваш како да ги разочаруваш другите многу често
- Чувствуваш вина кога се грижиш за себе
- Многу често „немаш време“
- Имаш чувство дека другите луѓе често те искористуваат
- Имаш проблем да кажеш „НЕ“
- Чувствуваш одговорност за среќата на другите
- Другите не го почитуваат твоето време и простор
- Твоето расположение зависи од одобрувањето и реакцијата на другите луѓе
- Реагираш многу бурно и на мали ситници
- Чувствуваш како веќе да го губиш трпението
- Те разочарале и повредиле оние кои најмногу ги сакаш
- Те разочарале оние на кои најмногу си им дала и верувала
- Твоите емоции не се добредојдени и разбрани од другите
- Се чувствуваш анскиозно поради стискање на твоите емоции и потреби
- Се повлекуваш од ситуации каде треба да преземеш одговорност
- Преземаш одговорност за туѓите нерешени конфликти и трауми
- Се чувствуваш инфериорно пред другите
- Другите не го слушаат твоето „НЕ“
- Се плашиш и/или срамиш да го кажеш својот став
- Не знаеш што точно сакаш во животот
- Не знаеш од каде да почнеш
Таму каде што се препозна, таму ја имаш изгубено твојата граница.

Програмот „АСЕРТИВНА“ е специјално за тебе доколку:
- Ти си ЖЕНА
- Ти си СВЕСНА жена која сака да работи на себе
- Сакаш да престанеш да се гушиш себеси
- Сакаш да престанеш да стискаш сè во себе и да пукаш на ситници
- Сакаш да престанеш постојано да го враќаш филмот во глава како требаше да постапиш и колку другите не се фер со тебе
- Сакаш да престанеш да си намуртена и лута на луѓето околу тебе
- Сакаш да престанеш да си разочарана од другите и да им ја даваш својата моќ
- Сакаш да престанеш да се повлекуваш во сенка како би избегнала конфликт или ново разочарување
- Сакаш да дознаеш каков стил на врзување имаш
- Сакаш да дознаеш што сакаш да правиш во животот
- Сакаш да престанеш само да им се восхитуваш на успешни и асертивни жени и да станеш една од нив
- Сакаш да научиш да поставиш приоритети во животот
- Сакаш да научиш како да го планираш денот, месецот, годината
- Сакаш да ја зголемиш својата самодоверба
- Сакаш да постигнеш личен и професионален развој
- Сакаш да постигнеш баланс во животот во секое поле
- Сакаш да бидеш подобра верзија од себеси
- Сакаш да си исполнета и среќна
- Сакаш да бидеш во мир со себе и со другите
„ГРАНИЦИТЕ СЕ ПОСТАВУВААТ ОД ЉУБОВ КОН СЕБЕСИ, А НЕ ОД ЛУТИНА КОН ДРУГИТЕ. “

Начинот на кој ги поставуваш границите зборува за тоа колку се вреднуваш себеси. Кога поставуваш здрва граница не значи дека си помалку добра, туку дека се почитуваш себеси.
Те повикувам да се пријавиш на програмот „АСЕРТИВНА“ за да се заштитиш себеси, своите потреби, својот личен простор, времето кое ти е потребно, твојата иднина, но и иднината на твоите најблиски.
Целта на поставувањето на граници не е да ги загрозат другите, иако некој може да се почуствува така. Но, тоа не е знак дека границите не треба да се поставуваат, туку да се внимава како се прави тоа.
На програмот АСЕРТИВНА ќе добиеш алати кои ќе те поддржат како да ги поставиш границите на здрав начин и како да станеш асертивна, среќна и креативна жена која го живее животот со полн здив.
Со поставување на здрави граници, ти ќе научиш:
- Да ја заштитиш својата енергија
- Да бидеш асертивна
- Како да имаш подобар фокус за работа
- Како да најдеш начин подобро да ги оствариш своите цели
- Како да престанеш да се повлекуваш и да се соочиш со другите
- Како да ризикуваш и вложуваш во нови предизвици
- Како да ја зголемиш самодовербата
- Како да бидеш во мир со себе и другите
- Како да бидеш подобра за себе и другите
- Како подобро да комуницираш со себе и другите
- Како да станеш личност која се гордее со себеси
Можеме да одбереме храброст или комфорт, но не можеме да ги имаме двете заедно во исто време
Овој програм е дизајниран за активна работа на себе во краток период кој ветува многу резултати. Но, за да се случат промените, потребно е ти да ја преземеш одговорноста и активно да следиш и работиш.

ОВОЈ ПРОГРАМ НЕ Е ЗА ТЕБЕ ДОКОЛКУ:
- Немаш најмалку 15 минути во текот на денот за работа на себе
- Не си подготвена за промена
- Не се пронајде во ништо кое укажува на тоа дека не си асертивна
- Секогаш вината ја бараш во другите и не си спремна да погледнеш во себеси
- Не си подготвена да преземеш одговорност
Како ќе се одвива овој програм?
Програмата АСЕРТИВНА ќе се одвива во затворена група, на која редовно ќе се објавуваат видеа, слики и аудио снимки со материјали.
Секој учесник мора да има посебен дневник по желба каде ќе ги пишува сите дневни и неделни задачи. Програмата не е замислена само за едукација, туку бара од секој учесник да пишува, да освестува и да менува.
Поделена е во 5 главни модули, а во секој модул има по најмалку 5 различни теми кои се обработуваат.
Согласно темпото и кокреацијата на групата, оставен е простор за уште еден модул посветен на прашања и одговори кои се најзастапени.
Покрај готовиот материјал, ќе имаме и 6 LIVE сесии на ZOOM во време кое на повеќето ќе ни одговара, а истите ќе бидат снимени и достапни до крајот на програмата.
Програмата ќе може да се следи онлајн, во било кое време во текот на тенот, во времетраење од 12 недели. После завршувањето на тие 12 недели, членовите ќе имаат пристап уште 2 недели (за сите оние ненадејни предизвици кои можеби искрснале во меѓувреме) поради тоа што е докажано дека сме кралици на прокрастинирање доколку немаме ЈАСНИ граници кога станува збор за програми од ваков тип.
Мојата цел е сите заедно во тие 12 недели да работиме и да се менуваме, без да прокрастинираме и да наоѓаме изговори.
Со секој модул следува снимен материјал, дневници со прашања, како и примери.
Ќе научиш многу за себеси, ќе погледнеш во сите аспекти на твојот живот, себеси и твоите најблиски, ќе научиш кога да поставуваш граници, како да бидеш асертивна и како да не се чувствуваш лошо потоа.
Освен тоа, ќе ги развиеш твоите комуникациски вештини и конечно ќе ја најдеш твојата автентичност.
Прошири ја твојата свесност, промени ги твоите уверувања и стекни алатки кои ќе те поддржат во животот.
Мојата најголема желба е да им помогнам на жените да се засакаат себеси и животот кој го живеат!

Групата почнува во јануари 2023 година Цената на програмот е 18 400 ден
Што овој програм не е?
Овој програм НЕ е замена за психотерапија. Иако целиот програм подлежи на психотераписка теорија и пракса, истиот не заменува психотерапија. Програмот го креирав потпирајќи се на најчестите теми кои ги носат клиентите, стручната литература и мојата креативност. Сите теми се внимателно избрани.
Најчесто поставувани прашања
Како да знам дали овој програм е за мене?
- Доколку се пронајде во примерите кои ги наведов
- Доколку ти е потребна поддршка да поставуваш здрави и јасни граници
- Доколку сакаш да ја зголемиш самодовербата
- Доколку сакаш да работиш на себе
- Доколку сакаш да станеш независна
- Доколку сакаш да дознаеш што е она кое те кочи
- Доколку сакаш да вложуваш во себеси и својата глава
- Доколку сакаш да се едуцираш и да станеш подобра „ЈАС“
Дали може да се следи програмата во било кое време од денот?
Да! Апсолутно! Програмата може да ја следиш во било кое време од денот, а вежбите можеш да ги правиш со твое темпо. Единствената граница е дека после завршувањето на недела 14, пристапот до програмот повеќе нема да го имаш.
Дали ќе ми останат вежбите од програмот засекогаш?
Да. Вежбите ќе останат кај тебе и можеш да ги правиш и потоа, но идеално е доколку сите ги завршиш во предвидениот рок.
Дали може да се пријавам иако не сум од Македонија?
Да. Целиот програм ќе се одвива онлајн и можеш да ни се придружиш од било каде. Потребно е само да имаш Интернет конекција, дневник, пенкало и да се отвориш за промена.
Дали постои можност да останеме анонимни во групата?
Секако. Сите прашања може да ги поставувате анонимно, а пристап до истите ќе имам само јас. Одговорот ќе го слушне целата група, како сите би имале бенефит.
ПРОМЕНАТА НЕ ДОАЃА САМА ОД СЕБЕ. ПРОМЕНАТА НИЕ ЈА КРЕИРАМЕ!
ВАЖНО! ЕТИЧКИ КОДЕКС И ПРАВИЛА НА ГРУПАТА
Мене ми е многу важно да се чувствуваш сигурна и уважена на овој програм. Со оглед на мојата професија, етичкиот кодекс и правилата ми се многу значајни. И покрај тоа што овој програм не е замена за психотерапија, сепак, твоите лични податоци ќе бидат заштитени, освен доколку ти не одлучиш самата да споделиш. Групата исто така има одредени правила, односно, граници кои сите мора да ги почитуваме.
За мене

Здраво!
Јас сум Елена Џебр,
креаторот на програмата АСЕРТИВНА.
Ова е програма на која работам со многу љубов и страст, затоа што границите и асертивноста се една од моите лични теми на кои најмногу и најдолго сум работела на психотерапија. Верувам во изреката „Прашај паталец, а не гаталец“, затоа што и самата идеја за ваков програм произлезе од мојот проблем да бидам асертивна. Низ својата долгогодишна едукација, прво на факултетот за психологија, па на магистерските студии, потоа на гешталт психотерапија, коучингот и НЛП, јас се стекнав со многу големо знаење. Но, нешто кое навистина многу ми недостасуваше е акција. Животот ми приреди многу изненадувања кои ме предизвикаа да научам како да станам асертивна и како да поставувам здрави граници, а сето она кое го научив и искусив сега сакам да ти го пренесам и тебе. Светот го менуваме кога се менуваме ние самите, а најубавата промена доаѓа од љубовта кон себеси и преземањето одговорност, а не вина и критика.
