За повеќе љубов, а помалку стрес.
МАМА БЕЗ ДРАМА е курс кој е креиран од Мр. психолог и психотерапевт кој ќе ви помогне да стигнете од драма до автентичност.
Биди смирена и своја – биди мама без драма.
Можете да станете мајка која:
- се сака и почитува себеси
- има длабока конекција со своите деца
- го негува партнерскиот однос и ужива во него
- постигнува баланс меѓу мајчинството и кариерата
- ја негува својата интуиција
- е смирена и стабилна мајка
- има многу енергија
- со леснотија се справува со хаосот во мајчинството
Не мораш да бидеш мајка која постојано е нервозна и вика по сите, не мораш да бидеш сопруга која е лута на својот партнер и е незадоволна од односот со него, не мораш да бидеш мајка која е постојано осамена и изгубена во хаосот на мајчинството, мајка која е секогаш уморна и која постојано се преиспитува дали добро постапила и не памети кога последно си земала време за себе без грижа на совест.
Мајчинството со себе носи голем хаос, големи промени и многу непланирани настани. Како мајка на три дечиња и психотерапевт, сакав да создадам нешто кое на секоја мајка и е потребно за да може да се ослободи од целиот хаос кој го носи и да најде брзи и ефективни начини да се справува со предизвиците. Ќе научите како да управувате подобро со времето за да имате повеќе време за себе, ќе ја подобрите самодовербата, ќе ја надминете мајчината вина и ќе се носите со менталниот товар на родителството со леснотија. Освен тоа, ќе научите како да го балансирате односот со вашиот партнер и да изградите здрави родителски односи кои ќе ја поддржат вашата благосостојба.
За да стигнете до таа верзија на мама која ја посакувате Ви се потребни:
Соодветни информации кои ќе Ви помогнат подобро да се разберете себеси
Конкретни алатки и насоки од професионалец кои ќе Ви помогнат да направите промена
Информации и насоки со кои подобро ќе ги разберете Вашите деца
Поддршка која не сте ни знаеле колку Ви е потребна
Ослободи се од мајчинската вина и хаосот – пронајди го твојот баланс.
Зошто да се пријавите на овој курс?
Затоа што сте многу повеќе од само МАЈКА.
Затоа што не мора постојано да се ставате себеси на последно место.
Не мора секогаш да им угодувате на сите.
Не мора да бидете несигурна мајка, која постојано се преиспитува и има чувство како да не е доволно добра.
Не мора да се изгубите во хаосот на секојдневието.
Затоа што постои начин да излезете од кругот на стрес, вознемиреност, преголема грижа, вина и неизвесност.
Затоа што можете да научите како да сте во баланс и да не се жртвувате себеси.
Затоа што грижата за себе е задолжителна, а не луксуз.
Затоа што има еден глас во Вас кој сака многу повеќе за себе и своето семејство.
Затоа што можете да имате многу повеќе енергија.
Затоа што среќен партнерски однос постои и со мали деца.
Затоа што може да се остане во складен брак и кога има големи разлики во родителските стилови.
Ќе погледнете подлабоко во менталниот товар на мајчинството, мајчината вина, психо-физичкиот развој на децата, здравата грижа за себе низ секоја различна сезона, како и балансирање на улогите кои ги имате и партнерските односи.
За кого е „Мама без драма“?
Овој курс е дизајниран за мајки кои сакаат длабоко да ја истражат својата улога и да го прошират својот капацитет за љубов, грижа и личен развој, без да се изгубат себеси во процесот.
За мајки кои сакаат да се чувствуваат исполнето и спокојно.
Ова е за секоја жена која чувствува дека:
- Сака да биде подобра мајка за своето дете
- Чувствува дека сака подлабок однос со себе и своите најблиски
- Сака да научи како да се ослободи од мајчинската вина и сомнеж
- Сака да научи како да управува со леснотија со хаосот и невидливиот товар на мајчинството
- Свесна е дека никогаш нема да има идеални околности за да работи на себе
- Сака да се ослободи од драма и конфликти
- Сака да биде свесен родител
- Сака да ужива во односот со партнерот
- Сака да има многу повеќе енергија
- Сака да биде мајка во баланс
Ако сте мајка која се стреми кон баланс, автентичност и лично исполнување, без драма и хаос, тогаш „Мама без драма“ е Вашата следна трансформација.
Овој курс не е уште една листа со совети или теоретски концепти – ова е простор за трансформација, за враќање кон себеси и создавање живот што ги интегрира мајчинството и личното задоволство.
Курс што ќе ти помогне да излезеш од хаосот и да станеш балансирана мама без драма.
Што ќе добиете?
Со овој курс ќе добиете ослободување од притисокот да се биде совршена мајка и ќе ја пронајдете мајката која умее лесно да носи одлуки со доверба и љубов кон себе и своите деца.
Практични техники за справување со стресот, тешките емотивни периоди и родителските предизвици – од плачот на бебето до бунтот на тинејџерот.
Ќе научите како да се организирате и да поставите граници кои ви носат повеќе време и мир во семејниот живот, согласно вас.
Ќе научите со кого треба, а со кого не смеете да се споредувате.
Алатки и стратегии за трансформирање на чувството на вина и постигнување здрав баланс меѓу родителството и личните потреби.
Ќе научите како да создадете „простор за дишење“ во вашиот физички и ментален живот преку ослободување од хаосот и непотребните очекувања.
Ќе добиете професионални насоки за подобра комуникација, поделба на обврските и повторна блискост со партнерот.
Разбирање на родителските стилови и стратегии за справување со конфликти без обвинувања и критики.
Ќе научите како да го проширите капацитетот за љубов и грижа, без да се чувствувате исцрпени и празни.
Практични начини да ја вклучите грижата за себе дури и во најхаотичните денови и најтешките времиња.
Наместо да копате по книги, статии и вебинари, добивате проверени, стручни и применливи алатки што функционираат, на едно место.
За мајчинството да биде твојата сила, а не твојата драма.
Цената на курсот изнесува 10 900 денари

Како функционира курсот „Мама без драма“?
Индивидуален пристап: Курсот е дизајниран да се следи со свое темпо, така што можете да го приспособите според вашиот распоред и потреби. Почеток 23.04.2025 година.
Видео лекции: Курсот вклучува видео лекции кои детално ги објаснуваат темите и техниките што ќе ги користите за да го трансформирате вашето мајчинство и личен живот.
Работни листови и практични вежби: Ќе добиете работни листови со конкретни задачи и практични вежби кои ќе ви помогнат да ги примените научените концепти во вашето секојдневие.
Флексибилност: Можете да работите на курсот кога и како сакате, без временски ограничувања, и да се вратите на материјалите кога ви е потребно.
Q&A средба со мене: Ќе имате специјална можност да присуствувате и на заедничка онлајн средба каде одговарам на сите ваши лични прашања.
Често поставувани прашања
- Како се пристапува до курсот?
Курсот се одвива на посебна платформа каде сите материјали ви се достапни 6 месеци. Може да го слушате било каде и било кога, со ваше темпо и според вашите потреби. - Дали има сесии во живо или е само онлајн курс?
Курсот се одвива само онлајн, на посебна платформа, но ќе има и Q&A сесија во живо каде ќе одговорам на сите ваши лични прашања. Целиот материјал е достапен во било кое време за сите и сесијата ќе се сними. - Дали може да сум анонимна во курсот?
Да, учесниците на платформата не се гледаат еден со друг и може до крај да си останат потполно анонимно. - Дали постои заедница на други мајки во курсот?
Да, постои група за поддршка за оние мајки кои сакаат да се вмрежуваат и запознаваат меѓусебно. Во групата се споделуваат информации, обуки, совети, трикови и се дава меѓусебна поддршка. - Дали постои можност за пријавување од странство?
Може да учествува секој од било каде во светот. Потребно е само интернет конекција. Курсот може да се гледа на телефон, таблет и компјутер.
- Индивидуален формат со сопствено темпо.
- Видео лекции, работни листови и практични насоки.
- Лесен пристап преку мобилен или компјутер.
- Група на поддршка.
- 6 месеци пристап.
- Почеток 23.04.2025 година.
Цената на курсот изнесува 10 900 денари.
Придружи се сега и започни го твоето патување без драма!
Како психотерапевт и мајка на три дечиња, вистински знам колку мајчинството може да биде предизвикувачко – не само во однос на децата, туку и во однос на себе. Овој курс го создадов од срце за да ви помогнам да излезете од драмата, да ги надминете старите уверувања и да ја пронајдете вашата внатрешна сила како мајка и жена.
Во морето информации од стручни и нестручни лица кои се нудат, создадов нешто кое ќе служи на секоја жена за да ужива во најодговорната и најубавата улога која ја има – мајка.
Ова не е само уште еден курс полн со теории и совети – ова е подлога за длабока лична трансформација, каде што ќе научите да го препознаете и ослободите она што ве кочи, ќе ја зголемите својата енергија и ќе се отворите за поспокојно мајчинство и партнерство.
Мене ми требаше многу долго време за да научам како да работам на себе, без притоа да се чувствувам како да не работам доволно со моите деца, со партнерот, со другите блиски односи или во кариерата и затоа го создадов овој курс, како поддршка за сите мајки кои сакаат да бидат поздрави и посреќни.
Верувам дека секоја мајка заслужува да се чувствува мирно, самоуверено и поврзано со своите деца, без чувство на вина и непотребен хаос. Ако сте подготвени да се ослободите од она што ве кочи и да создадете живот со повеќе баланс и радост, ве поканувам да се придружите на овој курс кој ќе ви донесе многу одговори.